Welcome to Kata's Blog

Meet the owner of Rancho i Vancho na Kata. Managing a rural tourism locale comes with it’s own special knowledge and eventfulness. Here, Kata will share here her, moments, experiences and what she learned along the way.

Рефлексии 2025

Драги пријатели на Ранчо и Ванчо на Ката,

Во овој период на рефлексија и нови почетоци, сакаме од срце да ви ја изразиме нашата огромна благодарност. Вашите посети, насмевки и поддршка не само што ја збогатија атмосферата на нашиот рај во природата, туку и помогнаа да развиеме нови и да ги подобриме нашите услуги за сите што сакаат да ја доживеат магијата на селскиот туризам. Ви благодариме што со вашето присуство сте дел од нашата приказна! 

Нека секој ден од 2026-та биде исполнет со убави моменти, љубов и инспирација. ✦✧✦ А за сите кои сакаат да ја започнат новата година со добра вибрација и да привлечат среќа, еве три едноставни, но докажани техники…

✦✧ Три мудрости за 1ви јануари ✦✧

1. Благодарност наутро ☀
– Напишете или кажете гласно три нешта за кои сте благодарни.
– Пример ако ноќевате во нашата гостинска куќа: туткушто се разбудивте и ја почувствувавте сончевата светлина. Кажете гласно „Благодарен сум за мирот што ме опкружува, за природата што ме инспирира и за љубовта што ја чувствувам“. Така ќе ја привлечете добрата фреквенција од Вселената.

2. Интенција (намера) и визуелизација ✦
– Затворете ги очите, вдишете длабоко и визуелизирајте што сакате да ви се случи во новата година.
– Пример ако сте во природа или топла соба со рустикална атмосфера: додека седите покрај каминот, замислете како уживате во вашиот прв летен пикник на нашата ливада, исполнет со радост, смеење и нови пријателства.

3. Вистинска акција ✧
– Направете мал конкретен чекор што симболично ја отвора вратата за нови можности, односно ја отвора енергетската порта за новите работи.
– Пример ако сте во домот или престојувате во нашата куќа: заљубете се во ново искуство – како на пример ноќното сафари со нашиот локален водич за набљудување на диви животни, со што ја поканувате среќата и новите авантури во вашиот живот. Или, направете комбинации на природни чаеви во теглички што симболизира грижа за себеси и добро здравје.

✦✧ Рецепт за домашно греано вино ✧✦

А сега ќе ви ја напишам мојата посебна рецепта за греано вино, кое е совршено за студените празнични денови и моменти на уживање.

Состојки:
– 1 литар црвено вино
– 2-3 лажици мед или кафеав шеќер
– 2 вреќички чај
– 1 мала лажичка цимет
– 4 каранфилчиња
– Тенки кришки од портокал со кората

Начин на подготовка:
1. Во тенџере ставете го виното и сите зачини.
2. Загревајте на средна температура, без да зоврие.
3. Додајте мед или шеќер, промешајте и оставете 10-15 минути да се соединат вкусовите, но одржувајте ја топлината.
4. Послужете во топли чаши и уживајте покрај каминот и новогодишната елка, додека надвор природата ви шепоти.

✦✧ Посакуваме среќна и инспиративна 2026-та! ✧✦

Драги наши, нека оваа година биде полна со нови авантури, убави моменти со нашите сакани и душевен мир. Ви благодариме што сте дел од нашето семејство и што ја чувате магијата на Ранчо и Ванчо на Ката живa!

Со љубов и благодарност,
Семејството на Ранчо и Ванчо на Ката

Captivating North Macedonia