Description
Содржина на пакетчето:
- Шишенце за бања на вашите стапала: розева хималајска сол, овесни снегулки, млеко во прав, суви цветови од смил, етерично масло од нане. Количина за 1-2 употреби.
- Две шишенца за прочистувачка и смирувачка маска за лице, со компоненти 1 и 2: зелена глина и суви цветови од невен и камилица, етерично масло од лаванда; пчелин мед и маслиново масло. Мала количиниа од двете шишенца се мешаат заедно во тањирче до добивање на полугуста паста, а по потреба се додаваат неколку капки топла вода. Количина за 5 – 6 нанесувања.
- Тегличка со пилинг за тело: путер од кикирики, мелено кафе, кафеав шеќер, суви цветови од невен и камилица, куркума во прав и етерично масло од цимет. Количина за 3 – 5 нанесувања.
- Рачно изработен сапун наменет за нежна, интимна нега од свинска маст.
- Алатки за работа: стаклено тањирче и дрвено стапче за мешање на маската за лице.
Производите се спакувани во луксузна кутија, во која ќе најдете и упатство со подетални совети за употреба на козметичките производи.
БОНУС: Ако сте задоволни од производите, можете да си купите и дополнителни пакувања, по ваш избор.
Рок на траење: 30 дена од датумот на достава на производите кои се без хемиски конзерванси.
Алергени: сите алергени се наведени во содржината. Ве предупредуваме дека сите производи се исклучиво природни, без додатоци на конзерванси кои обезбедуваат вештачка структура и подолга трајност.
Бесплатна достава во Република Северна Македонија.