Пакетче за зимско уживање

1.180 ден

Козметичка линија од природата „САМОЉУБИЕ“

Вашата кожа не заслужува ништо друго освен најдоброто од природата. Пакетчето за зимско уживање ги содржи сите потребни мали работи за да си направите ритуал на самољубие во вашиот топол дом, додека надвор коложег и сечко се во екот на своето студенило.

Description

     

Содржина на пакетчето:

  • Шишенце за бања на вашите стапала: розева хималајска сол, овесни снегулки, млеко во прав, суви цветови од смил, етерично масло од нане. Количина за 1-2 употреби.
  • Две шишенца за прочистувачка и смирувачка маска за лице, со компоненти 1 и 2: зелена глина и суви цветови од невен и камилица, етерично масло од лаванда; пчелин мед и маслиново масло. Мала количиниа од двете шишенца се мешаат заедно во тањирче до добивање на полугуста паста, а по потреба се додаваат неколку капки топла вода. Количина за 5 – 6 нанесувања.
  • Тегличка со пилинг за тело: путер од кикирики, мелено кафе, кафеав шеќер, суви цветови од невен и камилица, куркума во прав и етерично масло од цимет. Количина за 3 – 5 нанесувања.
  • Рачно изработен сапун наменет за нежна, интимна нега од свинска маст.
  • Алатки за работа: стаклено тањирче и дрвено стапче за мешање на маската за лице.

Производите се спакувани во луксузна кутија, во која ќе најдете и упатство со подетални совети за употреба на козметичките производи.

БОНУС: Ако сте задоволни од производите, можете да си купите и дополнителни пакувања, по ваш избор.

Рок на траење: 30 дена од датумот на достава на производите кои се без хемиски конзерванси.

Алергени: сите алергени се наведени во содржината. Ве предупредуваме дека сите производи се исклучиво природни, без додатоци на конзерванси кои обезбедуваат вештачка структура и подолга трајност.

Бесплатна достава во Република Северна Македонија.